Work

Claxi прогласен за добитник на WITSA награда за ИКТ решение на Светскиот ИТ Конгрес 2016 во Бразил

На 4 октомври 2016 година, Claxi – мобилната апликација за добивање на оптимални такси понуда, беше наградена со престижната Merit Award (награда за решение кое се издвојува од останатите) за особен придонес на глобалните ИКТ награди, на овогодишната Гала церемонија на Светскиот конгрес на ИТ – СКИТ 2016 во Бразилија, Бразил.

На секои две години, WITSA глобалните ИКТ награди, доделуваат признание на избрани организации чија употреба на ИТ презентира исклучителни достигнувања. Оваа година, помеѓу другите ИТ компании од различни земји од целиот свет, Bransys се истакна како добитник на наградата Merit Award со својот исклучителен проект – Claxi. Claxi најпрво беше избран како победник на МАСИТ ИКТ наградите за 2016 година, по што, МАСИТ, како еден од 82-те членки на Светската алијанса за информатичка технологија и услуги (WITSA) го номинираше Claxi на Интернационалните ИКТ награди.

Претседателот на WITSA, г. Сантиаго Гутиерез, импресиониран од кандидатите од целиот свет на WITSA глобалните ИКТ награди 2016, им честиташе на Брансис за наградата за Клакси, за решение кое се издвојува од останатите.

Г. Бранко Трајковски – основач на Клакси, додаде дека наградата е всушност постигнување на тимот бидејќи сите тие се заслужни за ова достигнување.

“Горди сме да добиеме уште една признание оваа година, прво како национални шампиони на Европските бизнис награди, а сега и како добитници на награда за решение кое се истакнува од останатите на Светскиот конгрес за ИТ. Ова е доказ за нас дека ние навистина се позициониравме како лидери и врвни иноватори во современиот општествен живот.”

Наградите целат кон тоа да се идентификуваат најистакнатите корисници на информатичката и комуникациска технологија. Одржувајќи се на секои две години, СКИТ е посетен од страна на стотици претставници на локалните и меѓународните медиуми, како и околу 2.500 високо рангирани делегати од целиот свет. WITSA претставува здружение на ИТ индустријата во повеќе од 80 земји и економии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *